Внимателни во Веспрем, најавуваат игра на максимум против Вардар и в четврток

В четврток од 18:45 часот екипата на Вардар гостува кај Веспрем на реваншот од осминафиналето од Лигата на шампионите. После поразот од 27:41 во Скопје мисијата ќе биде тешка.

Ова ја олеснува задачата на тимот на Веспрем, но сите во екипата се внимателни и не се опуштаат.

„Направивме одлична работа на гостински терен и на реваншот ќе влеземе со поголема самодоверба. Ова не значи дека не треба да вложиме максимум од почеток на средбата и да го репспектираме Вардар бидејќи така мораме да одиграме за да го победиме. Се надевам дека можеме да го прикажеме истото што го покажавме и на првиот натпревар. Со уште една победа ќе покаќеме дека сме подготвени за надигрување и во следната рунда. Се надевам дека можеме да покажеме добра игра и на домашен терен“, вели Омар Јахија.

На ова се надоврзува и неговиот колега, еден од највисоките ракометари, интернационалецот од Данска, Николај Маркусен. И тој е сигурен дека треба да се даде најдоброто на теренот.

„Фокусирани сме на дуелот против Вардар и сакаме да продолжиме со нивото на играта кое го прикажуваме во последно време. Сакаме да се покажеме во одлично издание пред финалето од Купот на Унгарија“, коментира Маркусен.

Ова ќе биде дуел на кој дефинитивно ќе биде тешко бидејќи 14 гола негатива тешко би можел да анулира во Унгарија и тим кој е во далеку подобра форма од Вардар.