Ветеранот го напушти Партизан: Стојановиќ си замина од „црно-белиот“ табор

Поранешниот ракометар на Вардар и Металург, Александар Стојановиќ, кој минатото лето дојде како засилување во редовите на Партизан си заминува од тимот од Белград.

Стојановиќ и клубот се договорија, па ја раскинаа соработката така што 38-годшниот ракометар сега е без тим.

Тој е ракометар кој играше една сезона во Вардар и тоа уште во сезоната 2004/05. Во кариерата имаше настапи и за Целје и Копер пред да се врати во Македонија, но во сезоната 2008/09 кога го облече дресот на Металург. Потоа долго време мина во Кадсетен Шафхаузен и играше до 2016 година.

Стојановиќ зад себе има големо искуство. Настапуваше кратко и за репрезентацијата на Србија, а со оглед на тоа за каков талент се работеше кога дојде во Вардар очекувањата беа да има кариера во клубови со многу поголеми имиња. Сепак, неговата кариера немаше таков правец како што се очекуваше.