Ветераните ќе играат на СП: Чешка со Галиа и Здрахала ќе брка успех во Египет (ФОТО)

Селекторите на Чешка, Јан Филип и Даниел Кубеш го објавија скратениот список на ракометарите што ќе играат на Мундијалот во Египет.

Тука се ветераните Мартин Галиа, кој игра во полскиот Горњик Забже, како и средниот бек Ондреј Здрахала од катарската Ал Вакра.

Поради семејни причини настапот го откажа левиот бек на Кил, Павел Хорак, кој во последните години беше неизоставен дел од националниот тим.

Кубеш и Филип ќе сметаат и на искусните крила Хрстка и Чип, а во ростерот е и десниот бек од ПИК Сегед, Станислав Кашпарек.

Чешка се наоѓа во групата Г, заедно со домаќиот Египет, претставникот на Јужна Америка – Чиле и селекцијата на Шведска.

Покрај настапот на Светското првенство, Чешка ја очекува и настап во квалификациите за ЕП 2022 година и двомеч против Фарски Острови.