Веспрем го поздрави Лазаров, за македонскиот ас пишуваа Марка, Л’Екип, Спортске Новости…(ФОТО)

Македонската легенда Кире Лазаров денеска објави крај на играчката кариера и на 11 јуни ќе го одигра последниот натпревар против ПСЖ.

Некогашниот негов клуб, унгарскиот Веспрем, каде што играше пет сезони, 2002 до 2007 година, му се заблагодари за се што има направено за нив.

За играчката пензија на Лазаров пишуваа многу светски медиуми меѓу кои шпанската Марка, францускиот Л’Екип, хрватскиот Спортске Новости…

Среќна пензија на македонската легенда му посакаа и од Русија, Шведска, Србија, Унгарија…