По дербито меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, на кое за првпат во историјата на македонскиот ракомет беше употребувана ВАР технологијата, тоа ќе се случи и вечерва во Автокоманда.
На дуелот меѓу Алкалоид и Вардар, кој се очекува да донесе големи возбудувања, арбитрите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, ќе можат да погледнат репетиции за некоја евентуално спорна ситуација.
Ова е одамна пракса во некои од европските лиги и на големите натпреварувања, а од следната сезоона ќе се користи и во Лигата на шампионите.
Натпреварот меѓу Алкалоид и Варда се игра вечерва во спортската сала во Автокоманда со почеток во 20:00 часот.
Вардар оваа сезона има максимален учинок во суперлигашкото друштво.