Вардар тренираше во Веспрем, може ли да се случи чудо? (ФОТО)

Ракометарите на Вардар вечерва го одржаа последниот тренинг пред реванш натпреварот против унгарскиот гигант Веспрем.

Избраниците на Стевче Алушовски тренираа во „Веспрем Арена“, каде што утре ќе се игра мечот, многу веројатно последен за вардарци во Лигата на шампионите оваа сезона.

Веспрем победи со убедливи 14 голови разлика во Скопје, и утрешниот дуел треба даа биде ревијален за нив.

Ако освојувањето на титулата на Вардар во Келн во 2019 беше рамно на светско чудо, какво ли чудо би било македонскиот тим да ја надополни оваа огромна негатива…