Вардар ја продолжува борбата за одбрана на Куп трофејот откако во полуфиналето на четвртфиналната група чиј домаќини беа „црвено-црните“ триумфираа против Охрид со 38-30 (20-18). Резултатот на крајот изгледа како рутински да ја завршија работата домашните ракометари, но гостите од Охрид „скапо ја продадоа кожата“ и се до 45 минута беа во игра, имаа резултат со кој „му дишеа во врат“ на фаворитот.
На крајот триумфално, по четврти пат сезонава Вардар се радуваше на дуелите со Охрид, аама од овој меч нема поправен. Вардар го чека победникот од дуелот меѓу Јуниор КВ и Скопје за пласман на Ф4 турнирот. Охрид заминува дома и ќе размислува за следните првенствени натпревари.
Повредите во тимот не му дозволија на тренерот Горан Андоновски да го има најсилниот состав па на паркетот имаше само 14 ракометари. Но, тие се бореа лавовски, и особено во првото полувреме кога по почетното водство на Вардар, „сините“ имаа неколкупати предност од „плус 2“. Се мачеа вардарци да „вратат“, и по 15 минута прво израмнија а потоа и „избегаа“ на 15-11.
Вардар играше променливо, и составот се менуваше, давајќи им шанса тренерот Недановски на повеќемина играчи. Предност од 17-13 во 24 минута за само три минути дојде на „минус 1“ и предност на Вардар од 18-17. Охрид сериозно се закани, ама на полувреме домашните ракометари имаа предност од 20-18.
Неизвесноста беше присутна до средината на второто полувреме кога Охрид намали на 28-25. Потоа Вардар „уфрли во повисока брзина“, ги искористи сите шанси и грешки на противникот и зголеми на 32-25. Веќе беше јасно дека Охрид нема шанса за изненадување.
Филип Талески со 11 гола беше најефикасен кај Вардар, а седум гола даде Дејан Манасков. Голманот Мартин Томовски одбрани девет топки. Во гостинскиот тим на Охрид, седум гола постигна Деан Шешиќ, а еден помалку Владимир Бојаниќ.
Куп на Македонија, мажи, осминафинале:
Група 1
Вардар – Охрид 38-30
18/3, 19:00, Јуниор КВ – Скопје
19/3, 17:00, финале, Вардар – Јуниор КВ/Скопје
Група 2
Радовиш – Еурофарм Пелистер 2 17-32
Голден Арт – Пролет 26:25
18/3, 19:00, финале, Еурофарм Пелистер 2 – Пролет
Група 3
18/3, 18:00, Бутел – Алкалоид
Вардар Неготино – Прилеп 29-28
19/3, 18:00, финале, Бутел/Алкалоид – Вардар Неготино
Група 4
Струга – Тиквеш 23-28
Куманово – Еурофарм Пелистер 21-33
18/3, 20:00, финале, Тиквеш – Еурофарм Пелистер