Вардар го потврди датумот – еве кога Рајн Некар ќе гостува во скопскиот „пекол“

Поранешниот македонски шампион Вардар ќе игра квалификациски двобој со германскиот Рајн Некар Левен за пласман во Лигата на Европа.

Откако германскиот тим во текот на вчерашниот ден го потврди терминот за реванш двобојот, денеска тоа го направија и „црвено-црните“.

Навивачите на Вардар ќе можат да го видат реновираниот тим за првпат на дело на 26 август во СЦ „Јане Сандански“.

Терминот е 19:00 часот, а дополнително ќе бидат соопштени детали околу влезници за овој натпревар.

Реванш средбата се игра на 3 септември од 16:00 часот. Победникот од овој двомеч ќе игра во групата А од Лигата на Европа со Нант, Кристијанштад и Бенфика.

Рајн Некар одреди термин – еве кога и каде се игра реваншот со Вардар