Во очекување на новите имиња во се уште актуелниот европски шампион Вардар, деновиве се продолжуваат договорите со староседелците во тимот.
Потпис на нов договор стави средниот бек Стефан Крстевски, кој до лани играше за Вардар Јуниор, а во иднина ќе биде дел од првата екипа.
Плејмејкерот, што може да одговори на обврските на сите бековски позиции, потекнува од Ресен, беше меѓу главните стрелци во Вардар Јуниор, а сезонава дебитираше и во СЕХА лигата.
Крстевски одигра на дуелот со Нексе во Нашице од регуларниот дел на СЕХА, и успеа да постигне три погодоци.