Валчак пропушти шанса да и донесе победа на Полска против Германците

Репрезентациите на Полска и Германија го одиграа последниот натпревар на Светското првенство во Египет кој не решаваше многу. Двете репреентации ги имаа изгубено шансите за четвртфинале, а дуелот за третото место во групата заврши нерешено 23:23.

Полска во поголемиот дел од натпреварот имаше водство но не успеа да издржи до крај и да стигне до нова победа. Полјаците отворија со 3:1, но возвратија Германците и тие поведоа 4:3. Многу брзо повторно предноста беше на страната на Полска.

Од 7:5 за Полјаците до крајот на првото полувреме се играше гол за гол. Без големи промени на резултатот после 30 минути игра, минимална предност имаше тимот кој го контролираше резултатот скоро во текот на целот прво полувреме. Полска водеше на полувреме 12:11.

И почетокот на второто полувреме им припадна на Полјаците, со серија од 3:0 стигнаа до највисокото водство кое го имаше една од екипите. Успешно го одржуваа се до последните десетина минути од натправарот кога Германија се врати во игра. Израмнија на 19:19 и со неизвесна игра до крајот на дуелот ниту една екипа не успеа да стигне до победата. Голманот Андреас Вулф му го одбрани шутот за победа на Полска на членот на Вардар, Патрик Валчак.

Со овој нерешен резултат двете селекции го завршија настапот на Мундијалот со по пет бода во главната рунда, а третото место во групата им припадна на Германците. Крајевски со пет гола беше нјаефикасен кај Полјаците, а Вебер беше прв стрелец во тимот на Германија со четири гола.

25 јануари 2021
23 - 23
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
25 јануари 2021 22:04 СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2020/2021 25.01.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ПОЛСКА1223Реми
ГЕРМАНИЈА1123Реми

ПОЛСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Матеуш Корнецкиголман00
6Пжемислав Крајевскилево крило05
7Патрик Валчакпивот11
9Симон Сичколев бек04
11Мациј Мајжинскидесен бек00
14Аркадиуш Осовскицентрален бек00
19Јан Чуваралево крило00
20Мациј Пилитовскицентрален бек02
23Аркадиуш Моритодесен бек03
26Михал Дашекдесно крило03
28Мациј Гебалапивот13
30Рафал Пжибилскидесен бек21
36Давид Давиџикпивот00
48Томаш Гебалалев бек01
49Пјотр Чрапковскилев бек10
94Адам Моравскиголман00
 Вкупно 523

ГЕРМАНИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Уве Генсхајмерлево крило03
4Јоханес Голапивот02
12Силвио Хајнефетерголман00
15Јури Кнорцентрален бек00
18Себастијан Фирнхаберцентрален бек11
20Филип Веберлев бек04
22Маријан Михалчикцентрален бек00
24Патрик Грецкидесно крило00
25Каи Хефнердесен бек01
31Марсел Шилерлево крило03
33Андреас Вулфголман00
35Јулиус Кунлев бек11
38Фабијан Бемлев бек00
73Тимо Кастенингдесно крило01
77Давид Шмитдесен бек04
95Пол Друкслев бек23
 Вкупно 423

Officials

Судии:
Иван Павичевиќ -Црна Гора
Милош Ражњатовиќ -Црна Гора