Бутел со трофеј на меморијалниот турнир во Богданци – Цветковски е најдобар стрелец, Чрчев е МВП

Кадетската екипа на Бутел Скопје го освои трофејот на меморијалниот турнир „Томе и Гоце“ што денеска се одржа во организација на Младост Богданци.

Избраниците на Дарко Јанев триумфираа во финалниот натпревар против домаќинот Младост со 28-24.

Во битката за третото место тимот на Голден Арт КЛ7 го совлада составот на Металург со 36-33.

За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен Петар Цветковски од Бутел Скопје, кој даде 23 погодоци на двата меча. Најкорисен играч односно МВП беше прогласен Илија Чрчев од Младост Богданци, додека најдобриот голман доаѓа од Голден Арт, Марко Трајков.