Брестовац одбра за Египет – познато е со кои ракометари ќе им се спротиставиме на „фараоните“ (ФОТО)

Познати се составите на Македонија и Египет за вечерашната пресметка од второто коло на Светското првенство.

Селекторот Данило Брестовац се одлучи за истите ракометари што беа во ростерот и на првиот дуел против Шведска.

Голманот Никола Даниловски, како и бековите Михајло Младеновиќ, Горан Крстевски и Мартин Серафимов и овојпат нема да добијат шанса.

Натпреварот меѓу Македонија и Египет започнува од 18:00 часот во „Каиро Стадион“, а ќе го судат сестрите од Франција, Шарлот и Жули Бонавентура.

По дуелот со Египет, Македонија задутре ќе се соочи со селекцијата на Чиле.