Брестовац направи две измени, Даниловски ќе дебитира против Белорусија (ФОТО)

Денеска се игра последното коло од две групи во главната рунда на Светското првенство во Египет.

Нашата селекција ќе се соочи со Белорусија, во натпревар што ќе биде само за престиж и евентуално место погоре на конечната ранг листа откако ќе заврши СП.

Селекторот Данило Брестовац за овој двобој нема да смета на Мартин Велковски, Дарко Георгиевски, Марио Танкоски и Горан Крстевски. Првпат во тимот се најде Никола Даниловски, кој денеска ќе дебитира за сениорската репрезентација, а во составот се врати и Цветан Кузманоски.

Во однос на последниот натпревар ова се две измени бидејќи Никола Даниловски е првпат пријавен за играње, а Цветан Кузманоски се враќа во составот.

Натпреварот меѓу Белорусија и Македонија се игра денеска во „Каиро Стадион“ со почеток во 15:30 часот.