Брестовац: Кузмановски се промовира како нов лидер, тој треба да го замени Кире

Селекторот на Македонија, Данило Брестовац на денешниот прес го искажа своето видување при што веќе го кажа своето мислење за тоа кој играч би можел да биде наследникот на Кирил Лазаров во лидерскат улога во репрезентацијата.

„Изгледавме премногу лошо на почеток. Шанса на теренот добија сите ракометари. Полека може да се навести дека имаме некои ракометари кои се наметнуваат да бидат столбови на репрезентацијата. Кузмановски полека се наметнува да биде предводник на оваа екипа и е најсериозен кандидат да ја преземе оваа улога после заминувањето на Кире Лазаров“, рече Брестовац.

Тој е задоволен и од тоа како Македонија е покриена на голманската позиција и на пивот.

„Од другите играчи би го издвоил Костески како играч кој на ова првенство игра стандардно. Секако добро сме покриени на голманската и пивотменската позиција. Митревски и Томовски функционираат добро натеренот. Трет голман е Даниловски, но тука се и малиот Кизиќ и Петковски. Сите ќе треба да се наметнат со своите одбрани за позицијата голман број 2 после заминувањето на Митревски. Ако го тргнеме настрана резулатот тогаш она што не ми се допадна на овој натпревар е лошиот пристап“, коментираше селекторот Брестовац.

Македонија има уште еден натпревар на Мундијалот и тоа против Белорусија, а истиот се игра утре од 15:30 часот.