Брестовац за настапот на СП: Нема да правам притисок, да барам чуда – сакам да играме и да уживаме

Кога за време на загревањето пред почетокот на последниот тренинг во салата во Автокоманда стигна официјалната потврда дека Македонија ќе игра на СП во Египет, имаше големо олеснување, голем аплаузи и радост. На местото на Чешка која го откажа играњето поради голем број заразени ракометари како прва резерва влезе Македонија.

Неколку дена имаше неизвесност „одиме – не одиме“, но сега Македонија ќе ја продолжи низата од настапи на големите натпреварувања, на ЕП и СП што почна во 2012 година. Во Египет ќе играме во група со домаќинот и со репрезентациите на Шведска и Чиле. Почнуваме прво со Шведска.

Селекторот Данило Брестовац повторно ќе се врати во Египет каде во 1999 година беше дел од играчите што настапија за првпат на СП. Сега во друга улога, со подмладена репрезентација, како аутсајдер и без големи планови. Едноставно, сака да игра.

„Пресреќен сум дека ќе одиграме едно големо натпреварување. Задоволен сум бидејќи и среќата ни се насмевна. Не размилсувам за групата. За оваа млада екипа секој меч треба да биде ново искуство за она што не очекува. Пак ќе кажам дека очекувам нешто конкретно на ЕП 2022. Се надевам дека ќе се пласираме во втор круг тука на СП. Битно е да одиграме и два квалитетни натпревари со Шведска и со Египет. Мислам дека можеме тоа да го реализираме. Да одиграме и борбено и квалитетно и да одговориме на секоја нивна поставка во одбрана и напад. За мене е голема радост што оваа екипа ќе се качи на авион. Едноставно треба да играме, да уживаме. Излезе малку неочекувано, и затоа треба да уживаме, вели Данило Брестовац.

Колку што беше неочекувана одлуката дали ќе влеземе како резерва, како одлминуваше времето тоаа стануваше се поизвесно. Репрезентацијата постојано беше на собир, со некои ракометари кои се приклучија подоцна. Одигравме и две контролки со Чиле,и ги победивме.

„Требаше да играме и две средби со Египет. Имавме потврдени, но потоа се откажаа. Во тој период и се обидувавме да го завршиме домашното првенство. Кога веќе Египет ни откажа се потрудивме да го завршиме првенството, па и Металург да ги доигра сите натпревари. Се надевам дека профитиравме на најдобар можен начин за македонскиот ракомет, вели Брестовац.

Во овој состав што ќе оди во Египет ќе нема некои играчи што беа дел од последните квалификации и досега стандардни репрезентативци: Манасков, Ристовски, Георгиевски… Процесот на подмладивање е речиси завршен.

„Во спортот не можеш да планираш и да излезе така. Сметам на сите ракометари. Во оваа репрезентација треба да се уфрла свежа крв. На овој список беа и Манасков, и Георгиевски. Тие откажаа поради нивни причини. Тие секогаш се достапни за репрезентација. Па и Штербик беше дома, па го викнаа да брани полуфинале за Шпанија. Ова е репрезентација и секој треба да ја искористи шансата. Сакам да ја направиме таа генерација 1996 да биде една база. Да ја дополниме со играчи од 1998 и од 2000 година. Генерациски да одиме како сите репрезентацаии. Да има еден природен тек на внесување на нови играчи. Сакаме да имаме природен тек. Да ги имаме најдобрите од генерациите.

Брествац во 1999 година беше на СП во Египет. Беше и во ЕП 1998 во Италија, како дле од првата репрезентација на Македонија што настапија на ЕП и СП. Сигурно ќе има и што да им пренесе на помладите, оние што сега зачекоруваат во репрезентативниот двор.

„Не само јас туку и постарите играчи влијаат на оние помлади. Нормално, повеќето играчи и не очекуваа дека ќе одиме. Знаевме дека ќе биде тешко да играме на СП. Но, сметам дека по она што се случуваше со тоа доделување на покани, одредувањето административно кои ќе играат беше малку не фер и ние заслуживме да играме на ова СП. Ќе се обидам колку што можам, да им се даде шанса на младите. Она што се тука е доволен знак дека можат и се способни да одиграат на СП и големо натпреварување.

Играме во група каде е домаќин, па вкрстуваме со група каде исто така можеме да се надигруваме, со Словенија, Белорусија, Русија и Кореја. Аутсајдери сме, и може ли тоа да биде некое олсенување.

„Не сакам да направам некој притисок над играчите, или да барам некое чудо. Ќе нема никаков притисок од моја страна. Не размислувам како целина. Ме интересира за секој меч посебно. Сега размислувам за Шведска. и како да се подготвиме на најдобар начин за нив. Најмалку размислувам на некој резултат. Сакам на секој меч да размислуваме побендички и да извлечам максимум од секој играч.

Репрезентацијата утре заминува за Египет, а Брестовац ги одреди и 20-те играчи што ќе патуваат. Од оние што досега беа на подготовките отпаднаа Маџовски (повреда), Аларов и Лазаревски. дополнително е повикан само Димитар Димитриоски.

Првиот меч на СП го играме со Шведска на 14 јануари.