Борбени авиони и водени топови ги „пречекаа“ светските шампиони (ФОТО+ВИДЕО)

Ракометарите на светскиот шампион Данска се вратија во татковината по одбраната на титулата на Мундијалот во Египет.

Поради ковид протоколите немаше никаков пречек никаков пречек ниту на аеродром, ниту во Копенхаген, но Данците сепак не останаа без поздрав.

При слетувањето на авионот со играчите и стручниот штаб, над Копенхаген, му се придружија и два борбени авиони Ф-16.

На аеродромската писта имаше и водени топови и беа потрошени повеќе од 12.000 литри вода за да бидат поздравени светските прваци.

Данска ја одбрани титулата на СП, откако во финалето беше подобра од соседот Шведска со 26-24.