Божиноска: Против Куманово секогаш е неизвесно, очекувам жестока борба

Големите ривали во женскиот ракомет изминатите неколку години, Куманово и Металург ќе се сретнат во првото полуфинале од Купот на Македонија.

Кумановки двапати славеа во домашното првенство и се фаворити и на овој меч, но ваквите натрпеваритe се секогаш непредвидливи. Бекот на Металург, Ива Божиноска очекува неизвесен натпревар со големиот ривал.

„Кога се игра Купот, не постојат фаворити и сите се стремат да победат. Куманово  добар противник, но ние ставаме акцент најмногу на нашата игра и ќе се потрудиме да бидеме подобрите на теренот. Често знаеме да играме неизвесни натпревари со Куманово, очекувам жестока борба на двата тима, па нека победи подобриот“, вели Божиноска.

Првото полуфинале меѓу Куманово и Металург се игра со почеток во 15:30 часот во салата Автокоманда, а во второто ќе се сретнат екипите на Вардар и Чаир од 18 часот.