Голманот од Македонија, Даниел Ѓорѓески, кој настапува во екипата на Будакалаш, имаше одлична партија против еден од поквалитетните тимови во Унгарија – Татабања.
Иако Будакалаш не успеа да ги освои бодовите и беше поразен со три гола разлика, 27:24, Ѓорѓески блескаше меѓу стативите.
Македонецот дуелот со Татабања го заврши со 15 интервенции, со што беше еден од подобрите поединци во својот тим.
Екипата на Будакалаш моментално се наоѓа на 8. позиција во унгарскиот шампионат и на свое конто има 19 бодови.
Следен предизвик за Ѓорѓески и колегите ќе биде дуелот против Комлои.