Ракометарките на Пелистер си заминаа со три бода од гостувањето во Скопје кај Ѓорче Петров откако победија со 21:20.
Во средба во која гостинките водеа во поголемиот дел од натпреварот домашните во финишот успеаја да намалат, но не и да направат нешто повееќе така што не успеаја да дојдат до израмнување.
Почетокот им припадна на домашните кои после неколку минути игра гол за гол дојдоа до водство од 6:4. Тука следуваше мал пресврт и резултат 6:7, а откако домашните израмнија на 7:7 во 23 минута до крајот на првиот дел примија четири гола.
Предноста од 11:7 за тимот на Пелистер беше шанса да се чува предноста во продолжение од натпреварот. Сепак, како што одминуваше времето домашните се закануваа. Успеаја да дојдат до гол негатива, но не и да направат нешто повеќе така што на крајот не успеаја да се изборат и за реми.
Во 57. минута беше 17:21, а потоа за три минути беше намалено на 20:21. Сепак, ова беше сè и бодовите заминаа за Битола.
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ПЕЛИСТЕР 20:21 (7:11)
Сала: „Христо Ботанџиев“ во Скопје. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Ерик Белимов од Скопје.
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Хасаноска, Блажевска, Галачева, Србиновска 1, Божиновска 1, Цветановска 8, Божинова 3, Шоповска, Неделковска 3, А. Велокова 5, И. Велкова, Несторовска, Трпеска, Маринчов, Крстевска.
Седмерци: 6/6, Исклучувања: 6 мин.
ПЕЛИСТЕР: Гецовска, Тодоровска, Наумовска 2, Дишковска 1, Станоевска, Босилова 3, Милосављевиќ 6, Николоска, Белевска 5, Јанкуловска 4, Етемовска, Бошевска.
Седмерци: 2/3, Исклучувања: 10 мин.
СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ТАБЕЛА