Без вардарци во изборот за најпотези во 1. коло од ЛШ (ВИДЕО)

Со комплетирањето на колото во Лигата на шампионите вообичаено следува сумирање на впечатоците, а тоа донесе и до создавање на најдобриот тим во колото, како и петте најубави погодоци и интервенции.

Иако вардарци имаа добар натпревар и неколку потези кои заслужија да бидат во конкуренција меѓу головите или одбраните, сепак, не добија место во Топ 5.

Во најдобрите пет голови имаше место за погодоците на Захар Денисов (Мотор), Дика Мем (Барселона), Диего Симонет (Монпелје), Никлас Екберг (Кил) и Никола Ласо (Алборг).

Кај голманите, пак, во Топ 5 се најдоа Илја Усик (Мешков Брест), Роланд Миклер (Пик Сегед), Торстен Фрис (Елверум), Родриго Коралес (Веспрем) и Бењамин Буриќ (Флензбург).

Во најдобрата седумка во колото исто така нема вардарци, а кои играчи се најдоа во поставата на 1. коло од Лигата на шампионите можете да погледнете на следниот ЛИНК.