Барса покажа моќ – втор триумф над Елверум за четвртфинале во ЛШ

Ракометарите на Барселона го потврдија пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако и на вториот осминафинален натпревар против Елверум славеа убедлива победа со 39:19.

Каталонскиот тим и на вториот натпревар на кој официјално беше домаќин целосно доминираше. Барселона поведе со 3:0, но Елверум возврати и израмни во 8. минута. Потоа следуваше нова серија на домашниот тим и ново сигурно водство.

Веќе во 21. минута беше шест гола позитива кога домаќините поведоа со 13:7. До крајот на полувремето Елверум немаше сили да даде поголем отпор и веќе имаше двоцифрена негатива. По 30 минути игра беше 20:10.

Во продолжението избраниците на Чави Пасквал рустински го водеа натпреварот до победа. Разликат достигна и огромни 20 разлика, а сите освен Сорендо усепаја да се запишат во листата на стрелци. Најефикасен беше Сумаре со шест гола, а Доленец постигна пет. Кевин Мелер беше одличен со 16 интервенции. Во тимот на Елверум се истакна Мате со шест гола.