Охрид повторно му пружи силен отпор на Вардар и гостите мораа да се помачат малу за да обезбедат победа со 26-23.
Тренерот на охриѓани, Горан Андоновски, ја пофали атмосферата во салата со „Рибари“ и се надева дека со ваков квалитет ќе бидат сите суперлигашки натпревари.
„Одличен натпревар. Камо да се сите натпревари во Суперлигата со ваква публика и ваков квалитет. Покажавме како и низ целата сезона дека сме квалитетна екипа, имавме свои шанси, не ги искористивме и се надевам дека ако продолживме вака ќе имаме добри резултати. Прекрасна беше атмосферата, се надевам ќе биде исто и на следните натпевари“, вели Андоновски.
Стратегот вели дека клучот за победата на Вардар, се двата примени гола од пасивен напад од страна на гостите кога Охрид се доближи на минус еден.
„Кога дојдовме на минус еден, два пати примивме голови од пасивен напад на Вардар. Мислам дека тоа го реши натпреварот, а грешки ќе има секогаш, и во едната и во другата екипа“, заврши Андоновски.
Следен предизвик за Охрид ќе биде гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци.
Талески: Секоја победа на гости значи многу за Вардар, Охрид покажа карактер
Недановски: Тешко е да се игра во Охрид, најважно е дека ги освоивме бодовите
Недановски: Тешко е да се игра во Охрид, најважно е дека ги освоивме бодовите