Алушовски: Вардар е фаворит за освојување на титулата во Купот на Македонија

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски како играч успеа да освои неколку трофеи со тимот каде што сега е тренер, па ова ќе му биде убава можност и како играч да дојде до титулата.

Денеска на моменти беше навистина тешко бидејќи Вардар имаше десетина минути во кои противникот имаше комплетна контрола на средбата.

„Како што очекувавме oва беше натпревар во купот кој беше неивесен. Отворивме добро и нправивме 8:3, а пооа пред сè со слабата игра во напад односно огромниот број промашени зицери го вративме противникот во игра, но на крајот од првиот дел имавме плус два. На стартот од второто полувреме рутински направивме разлика и го приведовме овој натпревар во наша победа. Пред нас е еден ден одмор и анализа за следниот противник. Имаме простор за напредок во играта и се надевам на најдобро во сабота“, изјави Алушовски после натпреварот против тимот на Металург.

Тоа што на моменти играта не функционираше така како што Алушовски посакуваше, сепак, не му задава грижи бидејќи смета дека има простор за поправање и подобра игра во финалето.

„Ова не ме плаши. Се работи за полуфинале и психолошка бариера. Ловро Јотиќ е играч за кој немаме квалитетна замена, а денеска не сакав да ризикувам со друга опција. Ќе се подготвиме добро. Имаме уште два дена до финале. Очекувам интересен натпревар, а Вардар е фаворит за освојување на титулата“, рече тренерот на вардарци.

После второто полуфинале во кое се соочуваат тимовите на Еурофарм Пелистер и Бутел ќе се знае противникот на Вардар во финалето и дефинитивно ќе биде доста интересно на теренот в сабота.