Алонсо добива директорска функција во бундеслигаш

Тренерот на Мешков Брест, Раул Алонсо по три години поминати во белорускиот шампион најави напуштање на тренерската функција од клубот.

Иако Мешков Брест оваа сезона покажа добри резултати во Лигата на шампионите, а раководството на клубот сакаше да го продолжи договорот со Алонсo, сепак Шпанецот одлучи да си замине од клубот поради приватни причини.

Според „Нордбаерн“, Алонсо има намера да се врати во Германија кај своето семејство и таму да започне нов живот. Според германскиот медиум, Алонсо ќе стане спортски директор на Ерланген.

Пред извесен период, Ерланген остана без спортски директор бидејќи Кевин Шмит ја напушти таа функција и отвори можсност за негов наследник.

Ерланген е учесник во најсилната Бундес лига, моментално клубот се наоѓа на 12. место на табелата и има големи шанси за скок меѓу најдобрите осум екипи.