Алборг со пресврт во финишот го совлада Мотор

Ракометарите на Алборг славеа против Мотор Запорожје со 29:27 во натпревар од Лигата на шампионите во рамките на Б групата. Двете екипи одиграа интересен прв дел, а ракометарите на Алборг и покрај водството од два разлика сепак дозволија домашните ракометари да заминат на полувреме со предност од еден гол, 15:14.

Во второто полувреме екипата на Мотор Запорожје преку Борис Пухоски ја одржуваше разликата од два до три погодоци. Во последните десет минути од натпреварот со головите на Мелгард Јенсен гостинскиот тим се врати во игра и намали на 24:23.

Борбените ракометари на Алборг повторно преку Мелград се вратија во водство и направија пресврт, 27:28 на две минути пред крајот на натпреварот. Победата беше потврдена со голот на Себастиан Бартхолд во последните секунди.

Најефикасен ракометар во Алборг беше Бартхолд со 11 погодоци. Во поразениот тим, Владислав Донцов беше стрелец на осум погодоци. Со денешната победа над Мотор екипата на Алборг останува во игра за втората позиција на табелата во Б групата.