„Ако имаме пари – ќе имаме три пикери, ако не…“

Европскиот првак Вардар го чека натпреварот од осмото коло во Лигата на шампионите против полскиот Келце. Тимот на Талант Душебаев паралелно со обврските во елитното натпреварување, работи и на склопување на играчкиот кадар за следната сезона.

Еден од оние на кои им истекуваат договорите е францускиот интернационалец Ромарик Гијо, кој дојде на почетокот на сезоната од составот на Нант. Играчот што беше доведен за дефанзивец, покажува добри перформанси и во напад, но се уште не е јасно дали ќе го продолжи престојот во Келце.

„Му ветивме дека ќе му дадеме одговор во јануари. Тоа зависи од буџетот, дали ние ќе имаме два или три пикери. Двајца се сигурни за следната сезона, Николас Турна и Артем Каралек. Ако имаме доволно пари, ќе имаме и трет пикер. Гијо игра одлично и ние сме среќни. Има шанси тој да остане кај нас. Тој е одличен дечко, работи добро и прави добра атмосфера во тимот. Мораме да чекаме до јануари, да видиме каква ќе биде финансиската ситуација за следната сезона и ќе донесеме одлука“, изјави сопственикот на Келце, Бертус Сервас.

На крајот на сезоната од Келце заминува шпанскиот кружен напаѓач Хулен Агинагалде.