Шокантен пораз за Нексе, Монпелје извлече реми кај Савехоф

Хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице минатата сезона го оствари најголемиот клупски успех со пласманот на Ф4 во Лигата на Европа, но се чини дека европскиот пат сезона може да заврши уште пред да почне.

Избраниците на Бранко Тамше загубија убедливо на гостувањето кај полскиот Азоти Пулави со 32-26, а можат да бидат среќни што се враќаат дома со ваков пораз, бидејќи домашните водеа три пати со по девет гола.

Веќе во групите е Фленсбург, кој немаше проблеми кај полскиот Квижун и славеше со 14 гола разлика, додека во скандинавскиот двобој, Орхус на гости победи кај Кристијанштад со 32-31.

Во бундес двобојот, Гепинген триумфираше со Лемго, додека романската Стеауа иако водеше со шест гола, на крајот победи само со два разлика против Ференцварош.  Монпелје е на чекор до групната фаза во ЛЕ, откако на гости кај шведскиот Савехоф успеа да извлече реми.

Лига на Европа, 2 квалификациско коло, резултати:

Алпла Хард – Бутел Скопје 26-21
Савехоф – Монпелје 24-24
Гепинген – Лемго 28-24
Кристијанштад – Орхус 31-32
Квижун – Фленсбург 25-39
Стеауа – Ференцварош 33-31
Азоти Пулави – Нексе 32-26