Ракометарите на Металург завршија на првото место после есенскиот дел од сезоната во Супер машката лига и на четири кола до крајот на регуларниот дел имаат бод повеќе од Охрид.
Овие две екипи веќе имаат и обезбеден плеј-оф така што можат мирно да одработат за време на паузата така што напролет ги очекуваат уште четири средби од овој дел од сезоната и потоа и плеј-офот и битката за излез во европските купови.
Бутел Скопје и Пролет се во најдобра позиција кога се работи за пласман во плеј-офот, но ќе мораат да бидат на ниво доколку сакаат да завршат бидејќи Радовиш ќе се обиде доколку добие шанса да ги загрози.
Другите тимови веќе немаат шанси за плеј-оф и јасно е дека нив им останува плеј-аут битката.
СУПЕР МАШКА ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ ОД 14. КОЛО
СТРУГА – БУТЕЛ СКОПЈЕ 25:31 (ИЗВЕШТАЈ)
Кузманоски 9, Крстаноски 6, Симоноски 5 – Божиноски 8, Димов 6, Трајковски 5
МЕТАЛУРГ – РАБОТНИЧКИ 51:23 (ИЗВЕШТАЈ)
Кондев 12, Вујовиќ 8, Шилегов 6 – Палевски 10, Михајловиќ 6, Темелкоски 3
МЕТАЛУРГ 2 – РАДОВИШ 27:32 (ИЗВЕШТАЈ)
Михајлов 8, Ристовски 4, Митиќ 4 – Илиев 10, Стојановски 6, Долдуров 4
ОХРИД – ВАРДАР ЈУНИОР 33:18 (ИЗВЕШТАЈ)
Андоноски 5, Блажески 5, Иваноски 5 – Карапалевски 6, Јакимовски 4, Чакалиќ 2
ПРОЛЕТ 62 – ПЕЛИСТЕР 36:26 (ИЗВЕШТАЈ)
Андоновски 8, Џонов 6, Аларов 5 – Петровски 6, Трајковски 5, Митревски 3
ТАБЕЛА: 1. Металург 38 бода (486:350); 2. Охрид 37 (404:313); 3. Бутел Скопје 31 (379:340); 4. Пролет 29 (440:371); 5. Радовиш 22 (412:408); 6. Вардар јуниор 18 (385:417); 7. Пелистер 14 (358:379); 8. Металург II 7 (397:473); 8. Работнички 4 (399:504); 10. Струга 4 (323:428).