Ракометарите на Пролет обезбедија меч за пласман на Ф4 во Купот на Македонија откако во полуфиналето од групата Б го совладаа тимот на Прилеп со 34-25.
Фаворитот на натпреварот ја оправда улогата и без многу проблеми стигна до победата. Добро отврори Пролет, поведе со 4:1, но Прилеп возврати и намали на 4:3. Првите десетина минути прилепчани добро се држеа, но потоа доминираше само еден тим на теренот.
Од 7:6 следуваше серија од 7:1 со која Пролет првпат се одлепи на сигурно водство. До крајот на првиот дел фаворизираниот тим постојано ја зголемуваа разликата и на полувреме имаше предност од 20:12.
Веднаш на почетокот на вториот дел разликата надмина и десет разлика, Прилеп немаше одговор на играта на пртивникот и немаше шанси да избегне пораз на овој дуел. Со оваа победа Пролет обезбеди дуел со подобриот од Младост и Еурофарм Пелистер.
Најефикасни во победничкиот тим беа Аларов и Василевски со по седум погодоци, а шест постигна Палевски. За екипата на Прилеп прв стрелец беше Рустамов со шест гола, додека Гавашелишвили и Трајковски погодија по петпати.