Поповски и Цирих пред елиминација, Спортинг со една нога во групите во ЛЕ

Денес стартуваа првите дуели од второто квалификациско коло од Лига на Европа. Од македонските интернационалци настап имаше Мартин Поповски, кој со Амичитија Цирих на гостувањето кај Бенидорм беа убедливо поразени со резултат 34:24.

Поповски и неговите соиграчи ќе имаат тешка задача на реванш средбата, но ќе се обидат да го дадат максимумот и да дојдат до изненадување. Реваншот меѓу Амичитија и Бенидорм ќе се одигра на 4 октомври во Цирих.

Спортинг Лисабон веќе со една нога се наоѓа пред пласман во групната фаза во Лига на Европа, откако забележа убедлива победа против Бјерингбро Силкеборг од Данска со 31:22. Реванш средбата, која ќе се одигра во Данска ќе биде само формалност. Победа во денешните натпревари остварија и екипите на Агуаш Санташ и Шамбери, кој потешко од очекуваното го совлада вториот тим на Веспрем.

Како што е веќе познато, екипата на Бутел Скопје во првиот дуел против Алпла Хард беше поразена со 26:21. Избраниците на Кристијан Грчевски на реванш натпреварот, кој ќе биде одигран на 4 октомври, ќе мора да бркаат победа од шест гола разлика доколку сакаат да играат во групната фаза во ЛЕ.

Лига на Европа, 2 квалификациско коло, резултати:

Алпла Хард – Бутел Скопје 26-21

Савехоф – Монпелје 24-24

Гепинген – Лемго 28-24

Кристијанштад – Орхус 31-32

Квижун – Фленсбург 25-39

Стеауа – Ференцварош 33-31

Азоти Пулави – Нексе 32-26

Бенидoрм – Цирих 34-24

Бидасоа – Колстад 30-27

Шамбери  – ККФТ Веспрем 29-25

Белененсес – Агуаш Санташ 20-23

Спортинг – Бјерингбро Силкеборг 31-22