Лекиќ: Да играм уште на Олимпијада па можам да заминам мирно во пензија

Поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, српската интрнационалка Андреа Лекиќ од наредната сезона ќе настапува во шампионот на Црна Гора, Будуќност.

Лекиќ од Вардар премина во ЧСМ Букурешт каде што помина две години, но нема да продолжи во романскиот тим. Србинката во изминативе сезона сигурно беше е дна од најдобрите светски ракометарки, а како најуспешна година ја истакнува 2013-та коа беше и прогласена за најдобра на светот.

„Луѓето би рекле дека 13 е баксузен број, но не и во мојот случај што се однесува на 2013 година. Најпрво ја освоив Лигата на шампионите во Ѓер, што беше најдоброто нешто што ми се случило до тогаш. Следуваше Светското првенство во Белград, исполнет арена, сребрен медал и соборени рекорди, нешто што навира солзи во очите. На крајот на годината како круна на сето тоа Светската ракометна федерација ме прогласи за најдобар играч на годината. Како најдобар момент во 2013 година би го издвоила моментот од финалето и преполната арена. Целата се ежам кога ќе помислам дека во мојот град имаше 23.000 гледачи со што го соборивме рекордот. Тоа чувство го посакувам на сите, за мене тоа е непроценливо и недостижно. Би сакала да се повтори, но тоа е многу тешко. Секако доколку Белград има клуб кој би можел да ја исполни арената нема сомнежи каде би ја завршила кариерата“, објасни Лекиќ за српски Журнал.

Репрезентациајта на Србија има можност да избори пласман на Олимписките игри во Токио наредната година. Лекиќ посакува да настапи на таков голем турнир, па потоа мирно да замине во пензија.

„Дефинитивно тоа би било круна на мојата кариера. Не споменувам медал, самото учество на такво големо натпреварување за мене би било исполнување на моите сонови. Уште како дете посакувам да одам на Олимпијада, плачам секогаш кога го гледам отварањето на игрите што доволно говори за мојата желба. Имаме шанса и се надевам ќе ја искористиме“, рече Лекиќ.

Андреа Лекиќ има пет настапи со Вардар на завршниот турнир во Лигата на шампионите, но ниту еднаш не успеа да стинге до титулата. Така, единствена титула првак на Европа и е со Ѓер во 2013 година.