Динамо Букурешт испрати уште еден играч на позајмица

Поранешниот голман на Вардар, Калифа Гедбан, кој моментално е член на старо-новиот шампион на Романија, Динамо Букурешт, ќе оди на позајмица на Блискиот Исток.

Искусниот репрезентативец на Алжир бидејќи нема клупски обврски со клубот од романската престолнина, во продолжението од сезоната ќе настапува за Ал Рајан од Катар.

Гедбан во Ал Рајан ќе биде вистинско засилување за настапите на Ал Рајан на 25. издание на Азиското клупско првенство, кое годинава ќе се одржи во Иран.

По кратката авантура во Катар, екс членот на ,,црвено-црните” ќе се врати во тимот на Чави Пасквал.

Претходно Динамо Букурешт на позајмица го прати Али Зеин. Египетскиот репрезентативец потпиша краткорочен договор со екипата на Ал Ахли, која е предводена од поранешниот тренер на Вардар, Давид Дејвис.