Данска како на лесен тренинг против Конго

Бранителот на титулата, репрезентацијата на Данска во второто коло на Светското првенство во Египет имаше лесна задача и одработи рутински против Конго кого го совлада со убедливи 39:19.

Конго го отвори натпреварот, а во продолжение на теренот доминираше само една екипа. Фаворитот без проблеми во целост ја оправда улогата и обезбеди нови бодови и сочува сила за следните предизвици.

Уште по првото полувреме беше решен победникот кога Данска имаше високо водство од 23:10. Во продолжението Данците играа во лесен ритам и сигурно го водеа мечот кон победа. Второто полувреме беше формалност.

Најефикасен во екипата на Данска беше Јохан Хансен со осум гола, додека во тимот на Конго, Готие Мвумби со четири гола беше прв стрелец. Во последното коло Данска против Аргентина ќе се бори да го задржи максималниот учинок и првото место во групата Д, додека Конго и Бахреин ќе играат за пласман во следната фаза.

19 - 39
Конечен резултат

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
КОНГО1019Пораз
ДАНСКА2339Победа

КОНГО

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Берлин Тиетчопголман00
4Кристијан Могапивот01
8Даниел Матејлев бек01
9Зеферин Буитидесен бек04
10Андре Нгулулев бек00
11Адам Уедраоголев бек01
12Жуниор Хердеироголман00
14Фабрис Ебангацентрален бек00
15Готие Мвумбипивот04
16Жорди Коалиголман00
17Јохан Кијанжебенилево крило01
18Бодрик Симокетодесно крило02
22Фредерик Борегардлев бек20
68Орелиен Читомбицентрален бек02
75Стивен Корниелдесно крило03
83Жак Кинзонзололево крило10
 Вкупно 319

ДАНСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Никлас Ландинголман00
4Магнус Ландинлево крило03
12Емил Нилсенголман00
14Андерс Захаријасенпивот03
15Магнус Саугструп Јенсенпивот13
17Ласе Свандесно крило04
21Хенрик Мелгард Јенсенцентрален бек00
22Мадс Менсах Ларсенлев бек00
24Микел Хансенлев бек00
25Мортен Тофт Олсенцентрален бек02
26Јохан Хансендесно крило08
28Ласе Андерсонлев бек01
31Николај Орис Нилсендесен бек03
32Јакоб Холмлев бек06
33Матијас Гидселдесен бек04
34Симон Халд Јенсенпивот02
 Вкупно 139

Officials

Судии:
Артур Брунер -Швајцарија
Морад Салах -Швајцарија
ПозЕкипаБ.НПРЛ
1ДАНСКА63300
2АРГЕНТИНА43201
3БАХРЕИН23102
4КОНГО03003