📷 Четата на Ројевиќ ги „наостри“ нишаните, Охрид пишува евро-историја во Прага

Ракометарите на Охрид пристигнаа во Прага во попладневните часови и веднаш се фатија за работа.

Тие го одработија единствениот тренинг пред реваншот со Дукла Прага, во салата во која ќе се игра мечот.

Избраниците на Борис Ројевиќ се подготвени за да испишат уште една убава европска страница во клупската историја на Охрид.

Реванш средбата од осминафиналето на ЕХФ Купот меѓу Дукла Прага и Охрид се игра утре со почеток од 18:00 часот.