Тимот на Металург го доби противникот во второто квалификациско коло во Лигата на Европа, а тоа е швајцарскиот Криенс Луцерн.
Тренерот Горан Перковац пред ждрепката најави дека не е важно кој противник ќе го добијат, бидејќи нема да влезат како фаворити.
Но по ждрепката во Виена, која им го донесе Металург за ривал, сепак во Криенс се задоволни од исходот.
„Ние сакаме да одиме во групната фаза, тоа е нашата голема цел и ќе имаме голема корист од тоа како клуб“, изјави Перковац.
Натпреварите меѓу Металург и Криенс Луцерн треба да се играат на 22 и 29 септември, но поради ситуацијата со коронавирусот, и правилата за патувања меѓу Македонија и Швајцарија, нејасно е на која локација ќе бидат одиграни.
Каков ривал доби Металург? Швајцарски тим со словенечки шмек предводен од Белорусин со топ во раката