Ракометарите на Вардар загубија првпат оваа сезона во Лигата на шампионите на домашен терен. По триумфот над Фленсбург и ремито со Порто, вардарци беа поразени од Келце со 29-33.
Десното крило Иван Чупиќ вели дека голманот Вулф е заслужен за победата на Келце, но и „црните дупки“ на неговите соиграчи во двете полувремиња.
„Не знам што паметно да кажам. Добро отворивме на стартот, со неколку лесни погодоци и пробавме да го спречиме контранападот на Келце, бидејќи знаеме дека казнуваат грешки на ривалот. Се подготовивме за таква игра, но ако грешиш и брзо ќе го загубиш водство. Во вториот дел ја сменивме одбраната во 6-0 бидејќи знаеме за индивидуалните квалитети на Карачиќ и Душебаев, направивме неколку голови во серија. Но кога имавме двајца играчи повеќе, Вулф одбрани две топки, ги казнија нашите грешки и тешко беше да се вратиме против екипа како Келце. Тие се екипа од европскиот врв и играа на долги напади. Ни дадоа добар пример, како треба и ние да играме во продолжение, да знаеме понекогаш и кога не играме најдобро, да победиме. Имавме наши моменти, но со такви моменти со врвни екипи не се добиваат натпревари. Имавме црни минути и во прво и во второ полувреме. Тоа е тоа, за седум дена нов натпревар“, изјави Чупиќ.
Следен предизвик за вардарци ќе биде гостувањето кај полскиот првак на 25 ноември во натпревар од 9. коло во елитното натпреварување.
Вардар немаше сили, капитулираше пред залетаниот Келце (ФОТО)
Алушовски: Келце ги казнуваше нашите грешки, немавме решение за Душебаев
Душебаев: Знам колку му е тешко на Вардар, ние имавме предност што немаше публика!
Вардар тргна фуриозно, но Келце си ги спакува и си замина со бодовите (ФОТОГАЛЕРИЈА)