Сосема очекувано екипата на Прилеп дојде до лесни три бода на гостувањето во Штип победувајќи со 41:32. Екипата на Текстилец која е последна на табелата во Групата 1 од Првата машка лига не можеше да се снајде со противникот, па забележа уште еден пораз.
Прилеп имаше сигурна игра од стартот и уште во првото полувреме дојде до предност. Создаде шест гола позитива и на одмор замина со 20:14. Оваа предност беше и повеќе од доволна за да може и во продолжение од средбата да има контрола на играа.
Предноста не беше зголемена многу туку доволно за да се има мирна завршница и да бидат освоени уште три бода.
ТЕКСТИЛЕЦ – ПРИЛЕП 32:41 (14:20)
Сала: ОУ „Тошо Арсов“ во Штип. Гледачи: 200. Судии: Иво Ѓоргиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Ерик Белимов од Скопје.
ТЕКСТИЛЕЦ: Миланов, Петров 3, Ристов 7, Трајков 10, Јовановски 2, Гогов 6, Митрев, Атанасов, Сичков 1, Лазаров 1, Кипријановски 1, Стојменов 1.
Седмерци: 4/6, Исклучувања: 6 мин.
ПРИЛЕП: Ангелески, Ивчевски, Дуковски 6, Пајковски 10, Биковски 7, Трајковски 6, Џ. Христоски 4, Попов 4, Бурчески, Конески, Карафиловски, С. Христоски, Јнески 4, Дебрешлиоски
Седмерци: 2/3, Исклучувања: 12 мин.