На денешен ден пред четири години, во „Ланксес Арена“ во Келн, беше напишана можеби најубавата страницата во македонската ракометна историја.
По женската титулата на Кометал Ѓорче Петров во 2002 година, 15 години подоцна, Македонија доби и машки европски првак.
Вардар славеше во финалниот натпревар од Лигата на шампионите против францускиот ПСЖ со 24-23.
На седум секунди до крајот, кога сите очекуваа продолженија, Иван Чупиќ доби топа од Алекс Душебаев и го погоди голот на легендарниот Омејер.