Македонија со 19 ракометари во Финска

Машката репрезентација на Македонија утре ќе го одигра натпреварот против Финска од квалификациите за Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Селекторот Кире Лазаров ги одбра патниците за Хелсинки, кои потоа ќе патуваат и до Рихимаки, каде што ќе се игра натпреварот.

Македонија патува со 19 ракометари, меѓу кои ќе биде и селекторот Лазаров, како и неговиот асистент Филип Миркуловски. За Хелсинки плус ќе патуваат голманите Митревски, Томовски и Кизиќ, крилата Манасков, Георгиевски, Костески и Маџовски, пикерите Стоилов, Пешевски и Маркоски, како и бековите Ѓорѓиев, Талески, Кузмановски, Мишевски, Велковски, Серафимов и Младеновиќ.

Дали тоа што одиме со поголем број играчи, значи дека Лазаров и Миркуловски нема да играат, останува да видиме утре.

Од списокот отпаднаа пикерот на Пролет, Михаил Аларов и левиот бек на КЛ7, Емилијан Ѓорговски. Тие заедно со тројцата резервни ракометари – Кузманоски, Атанасијевиќ и Кукуловски ќе и се приклучат на репрезентацијата в четврток на тренинзите пред последниот дуел со Швајцарија.