Доскорешниот голман на Работнички, Петар Виларов, во пролетната полусезона ќе настапува за составот на Вардар Јуниор.
Со неговиот ангажман тренерот Стојан Петрушевски добива повеќе опции на голманската позиција за натпреварите во плеј-аутот во Суперлигата.
Тука е Јоаким Анѓеловски, кој заедно со Виларов ќе формираат дуо то ќе треба да му донесе опстанок на вториот вардаров тим.
Во 15. коло од Супер лигата, Вардар Јуниор се среќава со составот на Металург в недела на пладне.