Карачиќ се мачи со повреда, нема да игра на Мундијалот?

Хрватскиот селектор Лино Червар не го вметна средниот бек Игор Карачиќ на списокот од 21 ракометар што ќе конкурираат за настап на Светското првенство во Египет.

Тој има повреда на пубичната коска и ќе продолжи да се опоравува во родниот Мостар во следниот неколку дена, па ако се биде во ред би можел да се приклучи, иако тоа е малку веројатно.

„Веќе цел месец се мачам со воспалување на препонската коска. Во договор со Келце и со репрезентацијата, избегнавме операција бидејќи сакам да играм на СП. Во моментов сум во Мостар каде работиме со мојот тим да го забрзаме опоравувањето. Ако се биде како што треба и ако сум потребен во репрезентацијата, ќе се ставам на располагање. Ќе дадам се од себе да бидам подготвен за СП“, вели Карачиќ.

Тој се наоѓа на списокот од 35 играчи испратен во ИХФ за Светско првенство, па нема да има проблем да му се приклучи на националниот тим тим, иако Червар не го вметна на скратениот список.

Хрватска со „македонски“ крила ќе лета во Египет (ФОТО)