Зорман со иронија објасни сè: Чичкото од позадина си замина!

Сега веќе екс-помошникот на Љубомир Врањеш во репрезентацијата на Словенија, Урош Зорман пред неколку дена ја напушти оваа позиција и му се посветува на клупскиот ракомет, а дефинитивно не може лесно да се помири со фактот дека нема да биде дел од репрезентацијата.

Тој рече дека е во добри односи со Врањеш, но дека вака е најдобро во моментов.

„Се слушнавме со Врањеш и си кажавме што имавме. Прашањето дали ќе останам или ќе ја напуштам позицијаа стоеше во мене веќе некое време. Љубо си го кажа своето и јас моето и мислам дека ова е најдобриот начин. Да речеме желбата беше двострана“, коментира Зорман за словенечкиот портал “ROKOMET”.

Зорман меѓу редови успеа да каже многу околу неговото заминување односно стави до знаење дека на некого му пречело да биде дел од репрезентацијата.

„Не би зборувал за деталите, но сè е в ред меѓу мене и Врањеш. Никогаш не сме се скрале или нешто сме си замериле. Имавме одлична соработка и тоа е најважно. Ако јас бев проблем сега го решивме тоа и повеќе нема да има проблеми, а иднината на словенечкиот ракомет е решена. Оној што реши сè односно чичкото од позадина си замина“, со голема доза на иронија, Зорман објасни многу за своето заминување со последната реченица.

Деновиве се очекува да биде назначен нов стручен штаб односно Врањеш да назначи нови асистенти.

Врањеш останува без првиот помошник – Зорман веќе не е дел од репрезентацијата на Словенија