Женска лига: Куманово и Металург се следат во чекор

Двете екипи кои и во пролетниот дел од сезонава влегуваат како главни кандидати за првото место во Женската лига, Куманово и Металург продолжуваат да се следат.

И двете екипи досега имаат победа против другите тимови, а кумановки го добија двобојот во есенскиот дел од сезоната, па сосема извесно е дека меѓу нив ќе решава натпреварот кој ќе биде одигран пролетва и тоа во финишот од сезоната.

Засега е јасно дека Куманово и Металург ќе се борат за титулата, додека Вардар со Стружанка и Чаир ќе има трка за 3. позиција.

ЖЕНСКА ЛИГА

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 15. КОЛО

ЖРК АЛУШОВСКИ – МЕТАЛУРГ      17:63

Трајановска 7, Петковска 3, Георгиевска 2 – Тасевска 11, Граматова 8, Калајџиевска 8

СТРУЖАНКА – КУМАНОВО    14:32

Делиоска 6, Дукоска 5, Јовичинац 1 – Гичевска 6, Глигоријадис 5, Марковиќ 4

КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ    24:21

Филипова 5, Бојковска 4, Русевска 4 – Србиновска 13, Цветановска 4, Несторовска 3

СПАРТАК – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ     27:21

Василева 9, Димитрова 6, Китановска 5 – Павловска 5, Вучевска 4, Манева 4

ДЕСПИНА – ВАРДАР       15:34

Филипоска 4, Ел. Рипилоска 3, Камческа 2 – Седлоска 10, Диневска 6, Галевска 6

ПЕЛИСТЕР 2012 – ЧАИР 28:35

Анчева 13, Јанкуловска 7, Белевска 4 – А. Николовска 10, Мартиновска 8, Бакиќ 6

ГЕВГЕЛИЈА беше слободна

ТАБЕЛА: 1. Куманово 42 бода (527:282); 2. Металург 39 (540:282); 3. Вардар 33 (489:294); 4. Стружанка 30 (411:342); 5. Чаир 30 (418:370); 6. Деспина 24 (341:391); 7. Спартак 17 (342:410); 8. Пелистер 14 (373:423, -1 меч); 9. Гевгелија 10 (305:393, -1 меч); 10. Ѓорче Петров 9 (292:416); 11. Кузман Вардар Илинден 9 (316:451); 12. Овче Поле СУ 6 (310:411); 13. Алушовски 4 (342:541).