Екс-ју двобој за Металари и Николовски

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од првото коло во главната рунда на Европското првенство.

Арбитрите од Македонија, Исмаил Металари и Ненад Николовски, ќе го судат балканскиот двобој меѓу Словенија и Хрватска.

Овој натпревар ќе се игра денеска од 18:00 часот во „Стожице Арена“ во Љубљана, а екипата што ќе победи ќе остане во игра за место во полуфиналето.

Во вториот натпревар од оваа група ќе играат селекциите на Унгарија и Данска со почеток во 20:30 часот.