Денеска низ светот се празнува интернационалниот ден на жената, Осми март. Жените во македонскиот ракомет имаат посебно место, малку се и затоа треба да ги чуваме, цениме и почитуваме.
Ние не им подаривме цвеќиња, но можеме да им посветиме неколку реда текст…
Женската сениорска репрезентација беше меѓу првите национални тимови во сите спортови што обезбеди место на некое големо натпреварување, СП во Германија во 1997 година, а и женски клуб и ја донесе првата европска шампионска титула во екипните спортови на Македонија. Во македонскиот ракомет, освен ракометарките, оние кои ги бијат битките на терените, има уште малку дами што му се максимално посветени на овој спорт.
Освен тие што работат во македонската куќа на ракометот РФМ, тука се претседателката на Металург РА – Зорица Блажевска, како и Гордана Нацева и Индира Кастратовиќ, кои се дел од ЖРК Вардар, судиските парови Силвана Карбеска и Марија Илиева, Лела Јашар и Михаела Капсарева, Сања Божиновска и Адриана Здравковска, Наташа Глигороска и Викторија Прентоска, Тамара Седлоска и Елена Рипилоска, како и делегатите Моника Георгиевска и Гордана Ѓорѓеска, членовите на стручниот штаб на македонската репрезентација – Едуарда Аморим Талеска и Ања Алтхаус…
Потоа физиотерапевтите во екипите, тука се тренерите Јулијана Дамчевска, Валентина Радуловиќ, Татјана Бојкова, Александра Кузмановска, Наталија Тодоровска, Веселинка Треноска, Наташа Младеновска, Драгана Ристова, Билјана Црвенковска, Марија Папуџиева, Анжела Платон, Милева Велкова, Александра Јанев, Андријана Будимир, Миа Ислами, Мери Арсениевска, Даниела Тасеска, Александра Џамтоска, Тања Андрејева, Даниела Новеска, Маја Попоска, Евица Стојанова, Николија Јовановска, Сара Стефановска, Моника Талевска, Јулија Беќарова, Анита Туранова, Марија Анчева, Ружица Атанасова, Билјана Богданова Смилевска, Мери Гичева, Лилјана Новоселска Трпчевска, Елена Златановска…
СРЕЌЕН ОСМИ МАРТ!