Репрезентацијата на Македонија во кадетска конкуренција денеска го игра полуфиналниот натпревар од ЕХФ шампионатот кој се одржува во салата во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Швајцарија е ривалот кој треба да биде совладан за да се дојде до посакуваното финале, а натпреварот почнува во 18 часот.
Македонија влегува на овој дуел со шанси за победа, но треба тоа да се одработи и на теренот.
Овој дуел денеска ќе го судат Унгарците Кристоф Алтмар и Мартон Хорват. Делегати се Исгандар Асгаров од Азербејџан и Томо Водопивец од Словенија.
Натпреварот ќе можете да го гледате на следниот ЛИНК.
*Претходно треба да се регистрирате на ЕХФ ТВ, а за тоа ќе ви биде потребно помалку од една минута.