Репрезентацијата на Швајцарија е еден од ривалите на Македонија во рамките на групата А на претстојното Европско првенство, кое од 10 до 28 јануари ќе се одржи во Германија.
Швајцарците патуваат на ЕП со желба да направат изненадување во групата А , а пласман на една од првите две позиции е посакуваното сценарио за еден од најдобрите ракометари на оваа земја, левото крило Самуел Зендер.
Ракометарот кој во 2022 година направи трансфер од Кадетен Шафхаузен во германски Лемго, вели дека доколку не се надеваат на пласман во следната рунда воопшто и не треба да патуваат во Германија.
,,Фокусот во овој момент ни е кон настапот на Европското првенство во Германија. Наше е тренираме и да се надеваме на пласман на една од првите две позиции на табелата. Доколку немаме желба и не веруваме во пласман понатаму , тогаш нема ни потреба да се натпреваруваме. Секако дека нема да биде воопшто лесно, но во ракометот се е возможно и ние ќе се бориме до самиот краj”, изјави Зендер за порталот „handball-world“.
Швајцарија својот прв натпревар на ЕП го игра на 10 јануари против домаќинот Германија, на 14.јануари оди на мегдан со Франција, а на 16.јануари во последното коло од групната фаза противник ќе и биде Македонија.