ЗАСЛУЖЕНО: Томовски вторпат сезонава во идеалниот тим на колото!

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски продолжува со одличните партии во Втората Бундес лига.

Тој беше најзабележителен играч во неговиот тим Битигхајм со 20 одбрани на дуелот со Крефелд, а тоа му донесе ново признание.

Томовски се најде во идеалниот тим на колото во Втората Бундес лига, вторпат во 11 кола сезонава.

Битигхајм славеше со 32-19 над Крефелд и сега е на делба на второто место на табелата со Балинген со по 18 бодови, додека лидер Ајнтрахт Хаген со 19 бода.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 2. HBL (@2handballbundesliga)