Како што пишуваат романските медиуми, градоначалникот на романскиот град Чиснадие, Мирчеа Орлацан, ќе го стави на јавна дискусија буџетот на локалниот тим Магура, па така за судбината на клубот ќе одлучуваат жителите на градот.
Според градоначалникот, буџетот на Магура е превисок, во 2024 година биле потрошени повеќе од 1,2 милиони евра. Екипата на Магура, моментално, во својот состав има осум интернационалки.
,,Почнувајќи од оваа година, нивото на финансирање на женската ракометна екипа Магура од локалниот буџет ќе се утврдува преку јавни консултации со жителите на Чиснадие и локалните советници. Во овој период изработуваме предлог-буџет за 2025 година со рамномерна распределба на средствата за развој меѓу трите градски реони”, изјави Орлацан.
Магура во досегашниот тек од сезоната во најквалитетното натпреварување во Романија на 15 натпревари оствари само три победи, на три освои бод, додека на девет натпревари беше поразена.
Довчерашната репрезентативка на Македонија, Елена Ѓорѓиевска, токму во Магура помина дел од својата кариера.