Висла го освои Букурешт и пак е чекор пред битолчани, Загреб пред елиминација!

Конкурентот на Еурофарм Пелистер за осминафинале во ЛШ – Висла Плоцк со голот на Шушња во последните секунди го совлада Динамо Букурешт со 27:26 и пак е чекор пред битолчани.

Македонскиот шампион утре игра против Фуксе Берлин, додека во последното коло од групната фаза во Битола ќе го пречека ПСЖ. Висла Плоцк во последното коло е домаќин на Спортинг Лисабон, кој има обезбедено најмалку осминафинале.

Двете екипи играа промениво во текот на целиот натпревар, најпрво водеа домаќините, потоа гостите ја презедоа контролата, а по 30 минути игра беше нерешено, 14:14.

Во вториот дел продолжи неизвесноста и само нијанси одлучуваа каков ќе биде исходот. Избраниците на Хавиер Сабате иако имаа кризен период, губеа со 22:19, направија серија од 5:0 и во 55 минута поведоа со 24:22.

Домаќините не се предаваа, се вратија во игра, но на крај наместо да земат бод, останаа со празни раце, а бодовите заминаа за гостинскиот тим.

Предводник во победничката екипа беше Крајевски со седум погодоци, пет од пет имаше репрезентативецот на Унгарија, Герго Фазекас, четири додаде Пирох.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ВЕСПРЕМ14120224
2ФУКСЕ БЕРЛИН1490518
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1490518
4СПОРТИНГ1482418
5ДИНАМО БУКУРЕШТ1460812
6ВИСЛА ПЛОЦК1451811
7ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР143298
8ХК ФРЕДЕРИЦИЈА1411123

Алборг на свој терен славеше против Загреб со 33:30 (15:17) и му ги сведе на теорија шансите на хрватскиот шампион за евентуално осминафинале.

Загреб од самиот старт, па до 40 минута одржуваше резултатска контрола, но не издржа до крајот. Иако даде сѐ од себе, сепак, домаќините со одличната игра во последниот дел дојдоа до многу важна победа.

Алборг со освоената победа го презеде второто место во групата Б, сега има 17 бода на свое конто.

Хрватскиот шампион во последното коло од групната фаза на свој терен ќе го пречека Келце, но за избраниците на Петковиќ натпреварот со полскиот тим нема да има никакво значење.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА14102222
2АЛБОРГ1482418
3НАНТ1473417
4МАГДЕБУРГ1461713
5ПИК СЕГЕД1461713
6КЕЛЦЕ1451811
7КОЛСТАД1451811
8ППД ЗАГРЕБ1431107